„Благодарност до претседателката Гордана Силјановска Давкова за конструктивниот телефонски разговор и изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за декларираната подготвеност на РСМ да обезбеди поддршка за справување со последиците од невремето“, напиша шефот на бугарската држава.
Поплавите, според последните информации што ги пренесуваат бугарските медиуми, однесоа четири животи. Интензивните дождови и поплави зафатија голем број области во земјата, дел од населението остана без електрична енергија, а пристапот до погодените подрачја е ограничен.