Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Сузбиена криминална група за криумчарење стоки, одземени над 100.000 евра, лекови, суплементи и други предмети
    Македонија

    Сузбиена криминална група за криумчарење стоки, одземени над 100.000 евра, лекови, суплементи и други предмети

    22/09/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    На 21.09.2026 под раководство на ОЈО за ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со Одделот за специјални полициски операции- Единицата за брзо распоредување, спровеле полициска акција за сузбивање на криминална група инволвирана во криумчарење стоки и коруптивни кривични дела. Врз основа на наредби од Основниот кривичен суд Скопје, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје, Тетово и Гевгелија, при што од слобода се лишени шест лица, а при претресите се пронајдени и одземени над 100.000 евра, 16 плочки (златна боја), цигари и тутун без акцизни маркички, поголема количина лекови и суплементи, кои биле нелегално внесени во државата, повеќе мобилни телефони и други предмети.

    Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против осум лица: М.С. (52) од Тетово, З.С. (42) од Гевгелија, А.С. (38) од Скопје, Б.Љ. (46) од Тетово, Е.А. (55) од Скопје, Д.Џ. (46) од Тетово, Б.А.К. (34) и С.С. (42) , двајцата од Р.Турција, за повеќе кривични дела, меѓу кои „криумчарење“, „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење“, „избегнување на плаќање акциза“, „примање поткуп“, „давање поткуп“, „производство и пуштање во промет штетни средства за лекување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

    Во периодот од 2024 до 2026 година, првопријавениот М.С. организирал нелегално внесување и складирање на акцизна стока – цигари и тутун, како и нивна понатамошна препродажба. Во рамки на криминалните активности, преку давање поткуп на царинскиот службеник З.С., на членови на групата им било овозможено непречено пренесување на акцизна стока преку царинската линија без пријавување и плаќање на законските давачки, како и нелегално внесување на лекови и суплементи, наменети за продажба. Со дел од утврдените дејствија е предизвикана материјална штета на буџетот на државата, односно избегнати се царински давачки, акциза и данок на додадена вредност во значителен износ, а со пуштањето во промет без одобрение, упатство и рецепт, дел од производите предизвикале опасност за здравјето на луѓето.

    Поврзани вести

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Зетот на Трамп, Кушнер, нема да плаќа ниту евро закуп за Генералштабот во Белград, откриваат српските медиуми

    ЦИА со почит за Глигоров што одбил 100 милиони долари од Грција за да се купи името на Македонија

    Македонија со 174 гласа избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.