Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Mицкоски на самитот „Конкордија“ во Њујорк: Во евроинтегративниот процес ние сме жртва на еден вид малтретирање

    22/09/2026

    Мицкоски се сретна со бизнис-претставници од воената индустрија на САД

    21/09/2026

    Кардиолозите предупредуваат: Оваа навика по стресен ден е лоша за срцето

    21/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Мицкоски: Македонија е посветена на членството во ЕУ, но тоа да се темели на реформи и заслуги, а не на отворање нови билатерални прашања
    Македонија

    Мицкоски: Македонија е посветена на членството во ЕУ, но тоа да се темели на реформи и заслуги, а не на отворање нови билатерални прашања

    18/09/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во рамки на посетата на Вашингтон, се обрати пред Атлантскиот совет, каде ги претстави стратешките приоритети на Владата, позицијата на државата во регионот, партнерството со Соединетите Американски Држави, европската интеграција, како и плановите за економски, инфраструктурен, енергетски и технолошки развој на државата.
    Мицкоски истакна дека стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави е партнерство градено со децении и дека Владата има јасна определба тоа дополнително да го продлабочува. Тој посочи дека Македонија е мала држава, но со исклучително значајна геостратешка позиција во срцето на Балканот, како природна крстосница на важни европски транспортни и енергетски коридори.
    Премиерот нагласи дека политиката на Владата се темели на предвидливост и исполнување на преземените обврски. Во тој контекст посочи дека државата има јасен план и во однос на обврските како членка на НАТО, вклучително и постепено зголемување на издвојувањата за одбраната, но и инвестиции во стратешката инфраструктура – автопати, железници и енергетски преносни системи.
    Како еден од важните предизвици за иднината, Мицкоски ја посочи и сајбер-безбедноста. Владата, како дел од реформската агенда со Европската Унија, планира развој на примарен дата-центар кој ќе ги поврзува јавните институции, ќе биде поврзан со постојниот секундарен центар за обновување на податоци и дополнително обезбеден преку клауд инфраструктура. Целта е државата да изгради посилен и поотпорен систем за заштита од современите сајбер-закани.
    Мицкоски пред Атлантскиот совет ја претстави и развојната стратегија на Владата која се темели на три меѓусебно поврзани столба – инфраструктура, енергетска инфраструктура и вештачка интелигенција и висока технологија.
    Во делот на енергетиката, тој истакна дека амбицијата е Македонија да стане значајна енергетска и транзитна крстосница на Балканот. Интерконекторот кон Грција треба да овозможи поврзување со ЛНГ терминалот во Александрополис, додека со изградбата на интерконекторот кон Србија се создава можност овој енергетски правец да продолжи кон Централна Европа.
    Според Мицкоски, со завршувањето на двата проекти Македонија добива далеку поголемо регионално значење и можност да стане транзитна земја за снабдување со природен гас кон Централна Европа. Во исто време, развојот на гасната инфраструктура се поврзува и со идните инвестиции во производство на електрична енергија, дата-центри, вештачка интелигенција и високотехнолошка индустрија.
    Премиерот се осврна и на инфраструктурните проекти, посочувајќи го значењето на Коридорите 8 и 10. Македонија се наоѓа на природната крстосница на овие два европски коридори – Коридорот 10 кој го поврзува Медитеранот и Егејското Море со Централна Европа и Коридорот 8 кој ги поврзува Јадранското и Јонското со Црното Море.
    Тој посочи дека нивното значење не е само економско, туку и стратешко и безбедносно, особено за НАТО и за идната реконструкција на Украина.
    Во однос на европската интеграција, Мицкоски нагласи дека Македонија останува целосно посветена на членството во Европската Унија, но дека процесот треба да биде заснован на реформи и заслуги, наместо на постојано отворање нови билатерални прашања.
    Тој потсети дека Македонија повеќе од две децении се наоѓа на европскиот пат и дека во изминатиот период државата и граѓаните направиле бројни отстапки во име на европската перспектива. Според Мицкоски, незадоволството кај граѓаните произлегува од фактот што и покрај направените чекори, државата повторно се соочува со дополнителни услови. Погребна е предвидливост на процесот и гаранција дека нема постојано да се отвораат нови билатерални услови.
    Премиерот истакна дека додека Владата бара решение за европскиот пат, Македонија нема да чека во место, туку ќе продолжи да ја развива економијата, да спроведува реформи, да го зајакнува владеењето на правото, да привлекува странски директни инвестиции и да инвестира во високотехнолошка индустрија.
    Во тој контекст тој го посочи и економскиот раст од 4,3 проценти во вториот квартал, оценувајќи дека Македонија е меѓу земјите со највисок раст во Европа.
    Мицкоски порача дека Владата ќе продолжи да разговара со европските партнери и со Соединетите Американски Држави за предизвиците со кои се соочува земјата и дека Македонија нема да се изолира или да се повлекува од разговорите.
    Стратешката определба, како што истакна, останува јасна – продлабочување на сојузништвото и стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави и полноправно членство во Европската Унија.
    Обраќањето пред Атлантскиот совет ја потврди позицијата на Македонија како НАТО сојузник со јасна западна стратешка ориентација, но и како држава која сака сопствениот развој да го темели на конкретни проекти – модерна инфраструктура, енергетско поврзување, дигитална и сајбер отпорност, инвестиции, вештачка интелигенција и висока технологија.
    Пораката на Мицкоски од Вашингтон е дека Македонија ќе продолжи да ги води разговорите за својата европска иднина, но истовремено ќе работи на сопствениот економски развој и на зајакнување на својата геостратешка позиција во регионот.

    Поврзани вести

    Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар

    21/09/2026

    Пациент од Куманово е деветтата жртва на западнонилската треска

    21/09/2026

    Мицкоски од САД зборува за предвидлив крај во преговорите за членство во ЕУ

    19/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Mицкоски на самитот „Конкордија“ во Њујорк: Во евроинтегративниот процес ние сме жртва на еден вид малтретирање

    22/09/2026

    Мицкоски се сретна со бизнис-претставници од воената индустрија на САД

    21/09/2026

    Кардиолозите предупредуваат: Оваа навика по стресен ден е лоша за срцето

    21/09/2026

    Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар

    21/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Емиратите го обвинија Иран за напад со дрон во близина на нуклеарна централа

    Протест на ССМ за минимална плата од 600 евра, ќе продолжат до исполнување на барањата

    Две лица oд Кривичен суд под истрага оти примиле поткуп за да издејствуваат ослободителна пресуда

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.