Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај
    Македонија

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Мицкоски нагласува дека не е политичар кој „брзоплето ги прави работите“ и оти државата бара решенија, но тој, како што вели, „никогаш нема да влезе во процес без да има предвидлив крај“.

    Според премиерот, за да се дојде до процес во кој би се решавале отворените прашања, најпрвин треба да се изгради доверба, за што е неопходен дијалог и желба од двете страни.

    „Подготвени сме да аргументираме, подготвени сме, ако аргументите на соговорникот ги совладаат нашите аргументи, да ги прифатиме. Не се инаетиме, не сме тврдоглави. Но, она што претставува наша цел е нашата стратегија, нашата вистина да ја презентираме на најдобар начин на кој што можеме и преку една политичка дебата, една политичка борба на меѓународната сцена да вратиме дел од позициите кои што претходните влади ни ги загубија“, истакнува Мицкоски.

    Тој посочува дека односите со Бугарија се тема на разговор и со европските партнери, меѓу кои претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

    „Привлекуваме внимание и веќе сме во сериозна оптика на нашите партнери, посебно во Европа“, вели Мицкоски.

    Премиерот додава дека темата ќе биде неизбежна и на регионалните настани на кои ќе учествува, но нагласува дека Владата внимателно го води процесот.

    „Јас не сум од оние луѓе кои што брзоплето ги прават работите во политиката. Свесен притоа за реалноста, свесен за погрешната политика во минатото, од претходните влади. Од друга страна, очекувањата на некои радикални елементи во нашата структура за повлекување од меѓународни договори и преговори – тоа би било идеално доколку сме ние сами на овој свет, но не сме сами и мораме да се бориме да ги повратиме загубените позиции кои во минатото, за жал, претходната влада ги минираше“, вели тој.

    Мицкоски нагласува дека Владата бара решенија, но оти нема да влезе во процес за кој не постои јасна перспектива.

    „Никогаш нема да влезам во процес без да имам предвидлив крај“, вели премиерот.

    Според него, евентуалниот процес треба да се води паралелно и да вклучува меѓународно присуство. Мицкоски вели дека Владата е подготвена да разговара за усогласување на акцискиот план за малцинствата, но со присуство на меѓународната заедница.

    „Ова е двонасочна улица, не може само од едната страна. Ќе го водиме процесот паралелно, подготвени сме да разговараме за усогласување на акцискиот план за малцинства, се разбира во присуство на меѓународната заедница, бидејќи ако водиме дијалог само со нашиот источен сосед, тогаш се потврдува она што ние велиме дека е билатерално прашање“, посочува Мицкоски.

    Тој смета дека во процесот би требало да биде вклучен и претставник на Европската Унија.

    „Затоа ценам дека е потребно да имаме уште еден на масата. Еве тоа нека биде претставник можеби од страна на Европската Унија“, вели Мицкоски.

    Премиерот во интервјуто се осврнува и на европската интеграција на земјата, при што посочува дека Владата продолжува да ги спроведува реформите што се дел од Планот за раст и Реформската агенда, а истовремено го следи развојот на политичките случувања во Европа.

    „Динамично е, секаде во светот е динамично. Ние мораме во овие предизвици да ја најдеме и нашата шанса и тоа го правиме“, нагласува Мицкоски.

    Во однос на најавите за некаков вид асоцијативно членство во ЕУ, Мицкоски вели дека станува збор за „брејнсторминг“, односно размена на идеи, и дека не би навлегувал во таков тип дискусија во овој момент.

    Според него, евентуалното воведување нов модел на членство би подразбирало промена на договорот што ја регулира самата Европска Унија.

    „Светот дефинитивно се менува, и тоа се менува со една голема брзина. Се репозиционираат интересите и јас ценам дека во еден таков мултиполарен свет ние, повторно ќе кажам како релативно малубројна земја, не многу значајна, имајќи ја предвид големината како територија – но како локација значајна, посебно во овој дел на светот, треба да ја најдеме нашата шанса. И мислам дека ја пронаоѓаме. Контурите се исцртуваат“, нагласува Мицкоски.

    Поврзани вести

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Октомври носи промена во кариерата: Професионална пресвртница ги очекува овие три хороскопски знаци

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    Полошките општини потрошиле над 275 илјада евра за зимско оддржување на патиштата

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.